петок, 30 мај 2025

Студентите поднесоа барање за итно носење на Законот за студентско организирање

Националното студентско тело, како репрезентативно тело на студентите во Македонија поднесе официјално барање до клучните институции во државата за итно носење на Законот за студентско организирање, соопштија од ова студентско тело.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Барањето е упатено до Министерството за образование и наука и министерката Весна Јаневска, претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателката на комисијата за образование, наука и спорт при Собранието, Иванка Василевска, претседателката на клубот за младински прашања и политики при Собранието, Драгана Бојковска, а испратена е и молба за поддршка до претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова.

Како што појаснуваат од ова студентско тело, поднесените документи произлегуваат од заедничкиот заклучок на средбата одржана на 25 октомври 2024 година помеѓу Националното студентско тело и министерката за образование и наука, на која се согласиле дека е неопходно донесување посебен Закон за студентско организирање.

Националното студентско тело смета дека донесувањето на овој закон е императивно и бара тој да биде усвоен пред почетокот на академската 2025/2026 година. Со тоа, сметаат тие, би се овозможила навремена реорганизација на студентските тела, избор на нови претставници и институционализирано основање на Националното студентско тело според новата законска рамка.

Со Законот за студентско организирање ќе се постигне обединување на студентскиот глас на национално ниво, ќе се зајакне комуникацијата со државните институции, институционализирано ќе се решаваат студентските предизвици, ќе се поттикне инклузивност и еднаквост меѓу студентите, ќе се создаде основа за членство во Европската студентска унија (ЕСУ), а ќе се постигне и поддршка за студентските организации низ целата држава. Националното студентско тело повикува на политичка волја и соработка од сите чинители, со цел студентите конечно да добијат јасно дефинирана, правно призната и функционална рамка за организирање и застапување“, велат од Националното стидетско тело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ