Мицкоски истакнува дека со Гренел имал плодна средба и одлична дискусија.
„САД остануваат нашиот најголем поддржувач и стратешки партнер. Во време на глобални предизвици, зајакнувањето на ова партнерство е од клучно значење за нашата национална безбедност и економски напредок. Градиме партнерство базирано на взаемна почит, економска соработка и заедничка посветеност на мирот и стабилноста“, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.
На вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со холандскиот премиер, Дик Схоф, со Џаред Коен, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.






