четврток, 29 мај 2025

Стипендии за студии во Италија за академската 2025-2026 година

Амбасадата на Италија во Скопје денеска информираше за можноста за добивање  стипендии за македонски државјани од Владата на Италија за академската 2025-2026 година. А, претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, од денеска до 9 мај ја предводи собраниска делегација во официјална посета на Италија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави МОН, кандидатите може да аплицираат за следните категории на студии во Италија, напредни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик (три месеци); втор степен на универзитетски студии (две годишни постдипломски); студии за високо образование од областа на ликовната уметност, филмска и драмска уметност, музичката уметност и танцот; докторски студии и истражувачки проекти.

Подетални информации за аплицирањето се достапни на веб-страницата на Амбасадата на Италија: www.ambskopje.esteri.it и на порталот на Владата на Италија наменета за студирање во таа земја и за стипендии: https://studyinitaly.esteri.it

Апликацијата може да се симне од наведениот портал и треба да биде целосно пополнета и пратена онјалн заклучно со 16 мај 2025 до 14 часот.

А, претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, од денеска до 9 мај ја предводи собраниска делегација во официјална посета на Италија.

Во составот на делегацијата се членовите на пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италијанската Република, Благица Ласовска и Димитар Ковачевски, потоа пратеничката Мимоза Муса, член на Комисијата за европски прашања, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Согласно програмата, соопшти денеска собраниската прес-служба, предвидени се средби со Лоренцо Фонтана, претседател на Долниот дом на Парламентот на Италијанската Република, со сенаторката Ема Паванели и членовите на билатералната група за соработка со државите од Балканот, со претседателот на Комисијата за надворешна и европска политика, Џулио Тремонти и членовите, како и со претседателот на Комисијата за ЕУ политики, Алесандро Џиљо Виња, и членовите.

Во рамките на програмата, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, како што е најавено, ќе оствари одделна средба со д-р Фабрицио Касталди, генерален секретар на Домот на пратеници на Парламентот на Италијанската Република.

Меѓу другите активности, во просториите на Амбасадата на РС Македонија во Рим, за претседателот на Собранието и делегацијата е организирана средба со претставници на дијаспората во Италијанската Република.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ