Подетални информации во врска со финансиските услови за овие стипендии може да се најдат на: https://www.minedu.sk/scholarships-of-the-government-of-the-slovak-republic/ Упатството за аплицирање може да се најде на веб страницата: www.vladnestipendia.sk / www.vladnestipendia.sk/en/
Во објавата на Министерството за образование и наука се наведени условите за добивање стипендија. Апликациите треба да бидат доставени електронски најдоцна до 30 мај 2025.
„Услов за доделување на владината стипендија за стандардна должина на високообразовни студии е познавање на словачкиот јазик на потребното ниво и прием за студирање во избраната област на државен универзитет во Република Словачка. За подобро изучување на словачкиот јазик, апликантите за владина стипендија имаат можност да поминат јазична и стручна обука за словачки јазик и стручни предмети со фокус на подобрување на комуникациските вештини неопходни за совладување на универзитетските студии на словачки јазик. Обуката е бесплатна за избраните апликанти и и ќе биде организирана од страна на Универзитетот „Матеј Бел“ во Банска Бистрица, во периодот од 2 септември 2025 година до 30 јуни 2026 година“, информира МОН во објавата во која се наведени и области на студирање за кандидати од нашата држава.