Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80.703 денари.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница (СМК) за храна и пијалаци, за 63-те производи кои ги следи СМК, за јули 2025 изнесува 23.682 денари и споредено со јуни 2025 (23 167 денари) е зголемена за 515 денари.
„Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20 проценти, додека кај храната и пијалаците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25 проценти“, наведува ССМ.






