вторник, 15 јули 2025

Средношколци од „Никола Карев“ изработија униформи за 980 струмички основци

Учениците и професорите од текстилно-кожарската струка од двата профила техничар за моделирање на облека и техничар за дизајн на облека при ДСУ „Никола Карев“ од Струмица изработија униформи за 980 ученици од општинските основни училишта, соопштија од Општината.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се додава дека новите комплетни униформи со панталони, маици на кратки и долги ракави и елек, веќе им се поделени на учениците од основните училишта во градот и населените места.

-Оваа инвестиција за децата од општинските основни училишта изнесува еден милион денари, средства обезбедени од општинскиот буџет, а од кои се изработени 980 униформи и обезбедени алатки за изработката. Струмица е пример за целата држава за тоа како се воспоставува силна соработка помеѓу Општината со средните стручни училишта, се наведува во соопштението.

Инаку, претходно средношколците од дрвно-преработувачката струка на ДСУ „Никола Карев“ изработија шкафчиња за учениците од основните училишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ