недела, 15 февруари 2026

Средба на министерот Муцунски со државниот министер за Европа на Германија, Крихбаум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, оствари средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа во Сојузното министерство за надворешни работи на Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија. Министерот Муцунски ја реафирмираше стратешката определба за членство во Унијата, нагласувајќи ја посветеноста кон спроведување на реформите, унапредувањето на регионалната соработка, добрососедските односи, како и придонесот кон стабилноста и мирот во регионот.

Соговорниците ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави и изразија подготвеност за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на продлабочување на трговската и економската соработка, соопшти Минитерството за надворешни работи на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ