понеделник, 16 февруари 2026

Сослушани вешти лица во судскиот процес за изградба на нов објект за театарот и библиотеката во Тетово

Во рамки на судскиот процес по поднесениот обвинителен предлог за повеќе кривични дела поврзани со изградбата на новиот објект за потребите на тетовските театар и библиотека за што се обвинети четворица луѓе и едно правно лице, денеска беа сослушани вештите лица предложени од Обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

Тие пред судот претставија подготвен наод и мислење за економскиот и градежниот дел во изградбата на новиот театар и библиотека во Тетово.

Вештачењето е направено по барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. За економскиот дел вештите лица Гордана Анѓелковска и Кире Костов објаснува ставови околу начинот и висината на исплатата на парите поврзано со пресметката на ДДВ.

Исто така на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вешт наод бил подготвен и за градежниот дел од изградбата на новиот театар и библиотека.

Вештото лице Дивна Станчева изјави дека останува во целост по изготвениот Наод и Мислење направен за градежниот дел  од изградбата на објектот. Таа одговараше и на повеќе прашања поставени од адвокатите на обвинетите поврзани со измени и надополнувања на Проектот за изградба на објектот.

Судењето продолжува на 16 март 2026 година кога пред судот своите наоди ќе ги презентираат вештите лица на одбраната.

На почетокот на судењето на 25 ноември 2015 обвинетите истакнаа дека не се чувствуваат виновни.

Обвинети се Сејди Шасивари, сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово Урбан План Констракшн, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Националната установа – Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ – Тетово, Артан Арслани претседател на Комисијата за јавни набавки, а потоа и ВД директор на Центарот за култура, како и Бајрам Муча, како главен надзорен инженер во правно лице ангажирано како надзорен орган при спроведување на договорот за јавна набавка од 2015 – 2020 година.

Според Обвинителството, првообвинетиот Шасивари и второобвинетото правно лице сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл. 275-в од Кривичниот законик. Обвинетите Фазлиу и Арслани сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека обвинетиот Муча сторил продолжено кривично дело кривично дело Несовесно работење во службата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ