сабота, 14 февруари 2026

Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Како што информираат од АМСМ намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има во околината на Делчево.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2025 година, од АМСМ потсетуваат дека започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ