понеделник, 15 декември 2025

Со приватна донација почнува реконструкцијата на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Со донација од околу 800 илјади евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Донацијата е од скопската фирма „Уни промет“, која донирала и за реконструкција на канализационата мрежа во Теарце. Со донацијата предвидено е да се смени покривот на двата објекта како и целосно да се реновира нивната внатрешност.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека се работи за донација од општествено одговорна компанија која, рече, донирала објект во оваа сума и во општина Теарце за реализација на канализациски проект што треба да заврши со пречистителна станица.

„Ова е чин на голема возбуда и задоволство затоа што од таа гимназија се излезени многу професори, научници, градоначалник“, изјави Мицкоски.

Тој посочи и дека на штотуку завршениот втор повик на Министерството за локална самоуправа,  Општина Тетово за проекти добива 11,5 милиони евра и заедно со 3,7 милиони евра од првиот повик – 15 милиони евра.

„Тоа не е само асфалт и бетон туку квалитетен живот на граѓаните, што не се случило во историјата на Тетово и во цела држава“, истакна Мицкоски.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами соопшти дека со реконструкцијата, гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ ќе добие целосно нов лик и нови услови за учениците. Како што рече, двата објекта што ја сочинуваат гимназијата, се најстари во Тетово и „симбол за традиција во градот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ