недела, 7 декември 2025

Со полиција ќе се собира ѓубрето низ Скопје, Владата ги задолжи институциите да преземат итни мерки

Поради алармантната состојба со несобирањето на комуналниот отпад во Скопје, Владата на денешната седница донесе заклучоци со кои се задолжуваат повеќе институции итно да преземат мерки.

Објавено на

часот

Сподели

Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во координација со Министерството за внатрешни работи, веднаш треба да отпочнат со вонреден инспекциски надзор на територијата на Град Скопје. Целта е утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид отпад и преземање соодветни мерки и активности.

Воедно, МВР, заедно со надлежните институции и Град Скопје – Сектор инспекторат, е задолжено да го испита работењето на ЈП Комунална хигиена и на градоначалникот на Град Скопје во врска со несобирањето на отпадот, што претставува потенцијална опасност по здравјето на граѓаните, велат од Владата.

Истовремено, Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело. Јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП Комунална хигиена. До комуналните инспекциски служби се доставени барања за спроведување на вонреден надзор и констатирање на моменталната состојба.

Од Владата нагласуваат дека состојбата е сериозна и, иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување, институциите се повикуваат веднаш да ги спроведат донесените заклучоци.

Како што претходно објавивме во „Комунална хигиена“ велат дека се е ок со ѓубрето и директорот си е на работа и дека ако има проблем со некоја улица, да пратиме мејл и ќе се собере ѓубрето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ