петок, 19 декември 2025

Со објавеното видео се дискредитира д-р Кузмановски, доктори од Нефрологија со поддршка за разрешениот директор

Доктори од Клиниката за неврологија денеска преку писмо му изразија поддршка на нивниот колега, проф. д-р Игор Кузмановски како одговор на неодамна објавениот компромитирачки материал во кој се гледа како докторот меша бела прашкаста материја за која вели дека е „бело“. Неговите колеги велат дека со тоа се дискредитира неговата личност и апелираат како што посочуваат во писмото, за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина. Министерството за здравство завчера соопшти дека министерот Азир Алиу донел решение за разрешување на директорот на Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски. По ова, тој на фејсбук упати извинување и искажа длабоко каење за своите постапки.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние, неговите колеги, ја изразуваме нашата професионална и човечка поддршка за Проф. д-р Кузмановски, кој во текот на своето долгогодишно раководење со клиниката, од 2012 -2017, комплетно ја реновираше клиниката, воведе поеќе дијагностички методи и иновативни тераписки процедури. Во секојдневната работа со пациентите и во комуникацијата со колегите, секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност. Ниту во еден момент не е забележано однесување кое би било недолично, несовесно или спротивно на професионалните стандарди“, се наведува во писмото.

Докторие потенцираат дека дури и во ситуации кога се појавуваат сомнежи или јавни дискусии за постапки кои би можеле да се толкуваат како спротивни на моралните и етички принципи на докторската професија, професионалното функционирање на Кузмановски останува непоколебливо, водено од интегритет и грижа за пациентите.

„Во духот на медицинската етика и човековото достоинство, сметаме дека секој поединец, особено во моменти на јавна изложеност и лична ранливост, заслужува поддршка, разбирање и соодветна психосоцијална помош. Наместо осуда, неопходно е да се поттикне сочувство – не само кон професионалецот, туку и кон неговото семејство, кое невино се соочува со последиците од јавната реакција. Со ова писмо апелираме за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина“, пишува во писмото со поддршка за проф. д-р Кузмановски од колегите од Клиника за неврологија.

Министерството за здравство завчера соопшти дека министерот Азир Алиу донел решение за разрешување на директорот на Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.

По ова, тој на фејсбук упати извинување и искажа длабоко каење за своите постапки.

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа одлуката директорот на Клиниката за неврологија да биде разрешен, а лидерот на СДСМ, Венко Филипче побара од Лекарската комора да направи проценка дали доктор во состојба во која беше фатен Кузмановски може да лекува пациенти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ