петок, 13 јуни 2025
За убиство во обид

„Снајперистот“ што пукаше во градоначалникот Ибраими е во бегство, ОЈО отвори истрага

Поради основано сомнение за кривично дело убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19, во обид, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на Арачиново. Со над 25 куршуми од автоматска пушка на 1 април годинава беше пукано кон градоначалникот на скопско Арачиново, Ридван Ибраими.

Објавено на

часот

Сподели

Тој е осомничен дека на 1 април со умисла се обидел да го лиши од живот градоначалникот на таа општина, а во опасност ги довел и животите на уште неколку лица.

„Додека градоначалникот со своите соработници од Општина Арачиново и вработените од фирма-изведувач вршеле увид на градежни работи, осомничениот дошол со мотор, се паркирал и со автоматска пушка во рацете пришол на групата луѓе. Почнал да пука кон градоначалникот и со неколку проектили погодил две лица во негова непосредна близина. Со оглед на тоа што осомничениот од извршување на делото е недостапен за органите на прогонот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор која доколку биде определена ќе започне ефективно да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода. До Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомниченото лице“, велат од ОЈО Скопје.

Мета на нападот во април беше градоначалникот Ибраими, а ниту еден од куршумите не го погодиле него, туку дел од нив завршиле во неговиот возач и во уште еден вработен во општината.

„ На 01.04.2024 во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, соопшти тогаш МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ