среда, 11 декември 2024

Две лица приведени по пукањето во Арачиново, се бара „снајперистот“

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, објави телевизија Сител. Се прават напори да се идентификува и да се приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка стрелаше врз градоначалникот.

Објавено на

часот

Сподели

Мотивите за нападот врз градоначалникот кој е од редовите на ДУИ официјално не се познати, но некои медиуми изнесуваат претпоставки дека станува збор за внатрепартиска пресметка.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска кусо одговори на новинарско прашање споменувајќи го името на поранешниот градоначалник на Арачиново.

„Мислам дека претходно беше разговарано за да се надминат разликите меѓу Ајвази и градоначалникот на Општината, го направивме невозможното, но се што направивме не успеа“, рече Ахмети и нагласи дека верува оти случајот нема политичко-партиска заднина.

Градоначалниот Ибрахими трет пат во полиција пријавува насилство или закани. Минатата година пријавил закани по животот кои ги добивал од Брахим Ајвази, претходник на функцијата на актуелниот градоначалник, со кого имало некакви имотно-правни неразрешени прашања.

Сепак, кои се мотивите за вчерашниот обид за убиство на градоналалникот Ибрахими, засега нема официјална верзија.

Во вчерашното пукање од автоматско оружје, како што веќе објави МКД.мк, било стрелано со 25 куршуми. Градоначалникот не бил погоден, но ранети беа две лица, возачот на Ибрахими воедно и член на обезбедувањето, како и еден административец во Општината.

Од Клиниката за торакална хирургија денеска информираа дека состојбата на 21-годишниот А.А. кој беше ранет во вчерашната престрелка во Арачиново, е стабилна состојба. Од Градска болница велат дека и другиот ранет, 39-годипниот Е.С., е во добра состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ