Неофицијалните информации до кои дојде МКД.мк се дека причина за пукањето е расправија околу државно земјиште во Арачиново на кое оној кој пукал веќе има изградено објекти, а градоначалникот Ибраими требало да гради спортски објект.
МВР вчера соопшти дека повредени се две лица, а градоначалникот не е повреден.
„ На 01.04.2024 во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, соопштија вчера од МВР.
Вчера дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информира од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот.
А.Д.