Гувернерот Славески на средбата ја истакнал и посветеноста на Народната банка кон овие принципи, додека амбасадорот Прескер ги нагласил долгогодишните добри дипломатски и економски врски помеѓу двете економии, особено во финансискиот сектор, каде што активно се вклучени голем број реномирани словенечки компании.
„Во однос на финансискиот сектор, гувернерот Славески се осврна на заложбите на Народната банка за намалување на надоместоците на банкарските услуги, заради обезбедување подостапни финансиски услуги за сите економски субјекти. Амбасадорот Прескер искажа задоволство од заложбите на Народната банка и ја потврди понатамошната поддршка од Словенија, вклучително и преку центарот за обуки ЦЕФ“, се вели во соопштението од Народната банка.
Средбата, велат оттаму, претставува можност за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји и унапредување на соработката.






