петок, 11 јули 2025
Состанок со претставници на ЕУ за Скопје - Европска престолнина на културата во 2028

Скопје ќе го подигне својот статус на европската културна мапа

Град Скопје како носител на престижната титула Европска престолнина на културата во 2028 година, при посетата на претставници од Европскиот совет, панелот на ЕУ за Европска престолнина на културата и Европската делегација од Скопје организираше работен состанок на кој се дискутираа идните чекори за успешно спроведување на овој проект.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се посочува во соопштението од Град Скопје, за време на овој состанок, беше нагласена важноста од интеграцијата на најдобрите практики и поттикнување на соработката со претходните eвропски престолнини на културата.

„Овој пристап на соработка има за цел да обезбеди Скопје да ги надмине очекувањата од оваа исклучителна титула. Дискусиите, исто така, ја нагласија силната институционална поддршка и посветеност на културната визија на градот“, се посочува во соопштението.

Сеопфатна анализа со користење на пристап на моделирање ги откри значителните позитивни влијанија од ЕПК-титулата. Меѓу 68-те анализирани градови домаќини, во регионите што претходно ја носеа титулата доживеаа значителен пораст во туризмот, со просечно зголемување од 3,2% до 6,2% во бројот на туристи по настанот.

Понатаму, се покажа дека ознаката за Европска претстолнина на културата ги стимулира локалните економии со потенцијално зголемување на можностите за вработување. Регионите што биле домаќини на настанот забележале зголемување на вкупната вработеност од 2,2% до 3,2%, што се должи на зголемената побарувачка и во услужниот сектор и во културните и креативните индустрии.

Економските придобивки имаат и позитивно влијание врз регионалниот БДП по глава на жител. Носителите на титулата прикажуваат зголемување на БДП по глава на жител од 1,1 проценти до 4,34 проценти.

„Скопје не само што ќе го подигне својот статус на европската културна мапа, туку до оваа титула ќе се поттикне одржлив раст и просперитет за целиот регион“, се посочува во соопштението од Град Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ