вторник, 15 јули 2025

Сиљановскa: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3).

Објавено на

часот

Сподели

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат глечерите и сите површини каде водата е во тврда состојба, како и да присуствувам на презентацијата на препораките од специјалните настани на третата Конференција на ОН за океанот, објави на фејсбук претседателката Сиљановска-Давкова.

Целта, како што посочи таа, е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка, како и да се поттикнат напорите за одржлив развој како одговор на алармантното влијание на климатските промени врз глечерите, ледените плочи и вечниот мраз, односно негативните ефекти кои со тоа се предизвикуваат.

„Драго ми е што можев кратко да поразговарам со претседателот Макрон, кој е домаќин на конференцијата“, напиша во објавата на својот фејсбук-профил Сиљановска-Давкова.

Претседателката, како што претходно соопшти нејзиниот Кабинет, ќе се обрати во рамките на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3), за поддршка на спроведувањето на целта 14 за зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој.

На посебна церемонија, Сиљановска-Давкова ќе го потпише Договорот во рамки на Конвенцијата на ОН за правото на морето за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност на области надвор од националната јурисдикција (BBNJ), усвоен во Њујорк на 19 јуни 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ