Оваа негова изјава очигледно е резултат на незадоволство од вчерашниот избор на новотото раководство на СДСМ. За Филипче овој избор е избор на нов тим, нова сила за нови победи,
За Шилегов овој потег на Филипче е „саумоубиство со умисла. Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!!!! Или тешка Ви е одговорноста? Или Ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош”, напиша Шилегов.
Попладнево оставка од претседател на ОО на СДСМ во Крива Паланка поднесе и градоначалникот Сашко Митевски, кој еден од неколкумината кандидати на СДСМ кои победија на локалните избори.
Денеска од претседател на ОО на СДСМ во Битола се повлече и Методија Куновски кој што беше и кандидат за градоначалник на Битола.
Пратеничката група на СДСМ денеска не присуствуваше на обраниката едница, што се толкува како нивно незадоволство затоа што ниту еден пратеник вчера не беше избран во новото раководство на СДСМ.






