понеделник, 5 мај 2025

Се намалува бројот на ученици и во основните, и во средните училишта

На крајот на учебната 2023/2024 година во редовните основни училишта 179.661 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65.737 ученици ја завршиле годината, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

На крајот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 181.311, што претставува намалување за 0.5 % во однос на претходната учебна година.

Во истата учебна година основно образование завршиле 19.179 ученици. 

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2023/2024 година изнесува 65.995, што претставува намалување за 1.0 % во однос на претходната учебна година.

Средното образование во оваа учебна година го завршиле 18.146 ученици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ