„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанција во државата“, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски, што, според нив, дополнително ги потврдува политичките релации и влијанија.
Во реакцијата се обвинува власта дека го ставила под целосна контрола судството и Обвинителството. Според СДСМ, сменет е јавниот обвинител и се планира избор на нов обвинител „под своја контрола“, назначена е сопруга на градоначалник од ВМРО за член на Судскиот совет, а сега, како што наведуваат, советник на премиерот се предлага за уставен судија.
Од СДСМ тврдат дека премиерот од собраниската говорница им дели задачи на институциите и дека се носат закони од областа на правосудството кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски. Следува целосно погребување на правдата и правната држава“, се додава во соопштението од СДСМ.






