Во Градскиот парк во Битола подигнат е споменикот „Руски крст“ и се одржува манифестацијата „Денови на Ростковски”.
Кунoвски е актуелен кандидат за градоначалник на Битола за претстојните локални избори.

Во Битолa денеска беше присутна и делегација на Амбасадата на Русија на чело со амбасадорот Сергеј Баздникин кој учествуваше во манифестацијата „Денови на А.А.Ростковски“, организирана од Регионалното здружение за македонско-руско пријателство во спомен на рускиот императорски конзул, кој трагично загинаа пред 122 години.
Свештениците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија според воспоставената традиција одржаа панихида.
Дипломатите положија венец кон споменикот „Рускиот крст“, подигнат на иницијатива на локалните жители во чест на рускиот конзул, кој го поддржуваше христијанското население на Македонија и го даде животот, исполнувајќи ја својата службена должност.






