понеделник, 8 декември 2025

СДСМ бара итна ревизија на огласот за образовни асистенти

Министерката Весна Јаневска свесно направи хаос со образовните асистенти – директно на штета на учениците со попреченост и нивните семејства, обвини денеска преку партиско соопштение СДСМ.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од СДСМ тврдат дека министерката Јаневска наместо да ги продолжи ангажманите на едуцирани, обучени и искусни образовни асистенти кои со години посветено работеле со децата, Јаневска ги избркала и ги заменила со партиски кадри.

„Единствената ‘квалификација’ на новите асистенти е партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ! Со промени во правилниците, Јаневска го поништи значењето на работното искуство, обуките, знаењето – и отвори врата за политички вработувања. Ова е најгруб пример на партизација на образованието, на сметка на најранливите. Ова е одраз на погрешниот приоритет на ВМРО-ДПМНЕ – наместо грижа за децата, грижа за партиската војска! Јавно ја прашуваме министерката Јаневска – како можете мирно да спиете знаејќи дека на 1 септември стотици деца со попреченост нема да го добијат својот асистент, лицето со кое учеа, се смееја и напредуваа?“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Оттаму бараат итна ревизија на огласот за образовни асистенти, враќање на професионалците со искуство и едукација, целосна департизација на образовниот систем.

„Образованието мора да биде надпартиска и хумана мисија. Ова не е борба за функции – ова е борба за достоинство, за децата и за нашата иднина“, велат од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ