„Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка, бидејќи има една општа презумпција на невиност“, истакна Салиу пред почетокот на настанот по повод одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот Холокауст – 2 Август.
Во врска со тоа што мисли кога кажува дека новинарите водат судска постапка рече дека не е коректно и не е фер новинари да сликаат таблички на неговото службено возило кога одел во судот.
„Не бев на одмор, не бев никаде, напротив во рамките на моите должности, го извршив и тоа, се пријавив“, посочи Салиу.
На новинарско прашање зошто со службено возило отишол во судот рече дека од 8 часот до 17 часот е на работа и не бил никаде надвор од државата, туку бил во судот.






