сабота, 14 февруари 2026

Сали пак против Филков: Треба да се најде решение правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик

За полагање на правосудниот испит на албански јазик, должни сме да најдеме начин и да им помогнеме на студентите, изјави вицепремиерот Беким Сали во емисијата „Трилинг“ на ТВ24. Тој рече дека како политичари се должни да најдат начин да им помогнат на студентите.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние сме држава 35 години. И неколку пати како Албанци се соочивме со немање права. За овие права, беа потребни десетици години за да се стигне до конечниот резултат, да се добие тоа фундаментално право што го побараа. Верувам дека логиката треба да се стави пред оние правни и административни пречки што го спречуваат користењето на кое било основно право на кое некого му следува“, рече Сали.

Министерот за правда Игор Филков на првата изјава на Сали за можноста правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, рече дека Уставот треба да се чита. „Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби, а не според нивната содржина, заврши со заминувањето на СДСМ–ДУИ од власт. Оваа Влада нема намера да ја продолжи праксата на правен релативизам, институционален хаос и селективна примена на нормите. Напротив, обврзани сме да воспоставиме јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок“, реагираше пред пет дена министерот Филков на изјавата на вицепремиерот Беким Сали во врска со барањето на студентите за полагање на правосудниот испит на албански јазик.

Сали рече дека ова се чита на различни начини. „Го читаме Уставот! Ќе повторам дека Уставот се чита на различни начини. Бидејќи Уставот е на некој начин насочен и кон одреден закон и ако тој закон не е добро дефиниран за да го опфати овој дел од барањето на студентите, мислам дека ние сме должни, како политичари да најдеме начин да им помогнеме на тие студенти, бидејќи тие се граѓани на оваа држава, студирале тука, студирале на факултети кои што ние сме ги акредитирале, поддржувале и финансирале како држава. И на крајот на краиштата, не можеме да им го одземеме правото на кој јазик ќе полагаат во клучниот момент од нивното студирање“, изјави Сали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ