понеделник, 8 декември 2025

Рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк е до 5 октомври

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 октомври 2025.

Објавено на

часот

Сподели

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina

„Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, објави МОН.

За поддршка при аплицирањето, студентите може да се обратат преку е-пошта: [email protected]

Поради законска регулатива за засилена автентикација при бесконтактни плаќања на ПОС терминали, студентите ќе треба да го внесат ПИН кодот за трансакциите да бидат успешни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ