сабота, 31 мај 2025

Реконструкција на случајот или нова истрага, бараат адвокатите на обвинетите за убиствата на Вања и Панче

Реконтрукција на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски или пак целата постапка да се врати во фаза на истрага ќе бидат двете од неколкуте барања на дел од адвокатите на обвинетите за двојното убиство до понатамошниот дел од постапката откако денеска во Основниот Кривичен суд Скопје заврши сведочењето на првообвинетиот Љупчо Палевски кој смета дека мотивот користољубие за двојното убиство е нелогичен и недокажан. Во вториот дел од денешното судско рочиште судот донесе неколку процесни решенија и утврди термини за наредни рочишта на кои се очекуваат дополненија на доказната постапка.

 

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видески вели дека реконструкција на убиствата е неминовна или пак предметот да се врати во фаза на истрага бидејќи во спротивно ќе останат многу работи нерасчистени и пресудата, каква и да биде е осудена на пропаст.

„Потребата за реконтрукција произлегува од самата постапка.Постојат најмалку десетина празнини кои ја налагаат потребата.Најголем проблем е оружјето, снимките од безнсиската станица во Велес и во менувачницата во Скопје, неколкуте лица кои се појавуваат во исказите на обвинетите, а не се сослушани, а кои се дел од предметот. Исто така во ниту еден исказ на обвинетите не произлезе поврзаноста со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски“, изјави Манев.

Што се однесува до ДНК доказите на неговиот клиент, обвинетиот Видевски најдени во автомобилот рено кангу, Манев рече дека тие на нешто постојат на нешто не постојат.

„Од Боре Видевски пости ДНК доказ само на чашата во реното кангу. Но, Видевски го возел кангуто 50 пати. Тогаш што да кажам во тој случај? Тоа не е никаков доказ за поврзаност со убиство. Во дополнителната доказна постапка ќе барам да бидат сослушани луѓето кои на критичниот ден кога бил убиен Панче Жежовски биле со Видевски заедно на работа“, рече Манев.

На сличен став е и адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски. Според него, нејасно е зошто денеска обвинителките наместо да ги нападнат обвинетите со докази тие само читале наслови.

„За луѓе кои ги товариш за убиства им поставуваа прашања скоро како да им помагаат. Истрагата има многу пропусти, а малку докази. Тоа го тврдам за Љупчо Палевски. Затоа е најдобро да се направи реконтрукција. Од начинот на кој е пронајдено телото, па начинот на кој се копало без да се викнат овластени лица односно форензика и крим техника. Чудно е ние како обвинети да бараме вештачење на чаурата која е вештачена само од кој калибар е и од кое оружје може да се испука“, рече Страшевски.

Прашан дали е беспредметно да се бара вештачење на пронајдената чаура со оглед на фактот што го нема пиштолот со кои се извршени убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, Страшевски рече дека не е беспредметно затоа што секој што има пиштол во Македонија имаат пукано, а по три куршуми од тие испукувања чува МВР.

„Од самото испукување и од самото вештачење на таа чаура ќе се утврди од кој тип на оружје е пукано и чие е тоа оружје. Секој удар на иглата на самата чаура на било кој испукан куршум стои од кое оружје е пукано. Со тоа ќе се расчисти дилемата дали е тоа од спорниот пиштол што се бара, дали е од црн пазар или е од некое друго лице. Но, за жал и после толку време обвинителството такво нешто нема направено“, изјави Страшевски.

Во вториот дел од денешното судско рочиште судот донесе неколку процесни решенија по барањата на Палевски и утврди термини за наредни рочишта на кои се очекуваат дополненија на доказната постапка.

Судечкиот судија Ивица Стефановски кажа дека службената белешка од Велес судот ја побарал, но истата сѐ уште не е доставена.

„Судот прифати да се прибави видеозапис од експозититурата на Халкбанка за ден 27.11.2023 година од 9 до 12 часот. Испратена е наредба до банката за снимката, а банката испрати одговор на 12.3.2025 година“, рече Стефановски.

Судот не го прифати барањето да се повикаат како сведоци двајцата вештаци кои ја вештчеле чаурата, затоа што тоа барање не е доставено на време, согласно Законот за кривината постапка. Судот прифати да се изведе како доказ чаурата пронајдена при убиството на Жежовски.

„Денеска преку архивата е доставен поднесок од адвокатот Јовица Страшевски, со други поднесоци во прилог, како поднесоци до Јавното обвинителство, барања, поднесок во врска со веќе истакнатите барања…Судот има потреба од дополнително време за да ги разгледа овие шест поднесоци, една наредба и една табела. Има и барање до јавниот обвинител“, рече Стефановски.

На следното рочиште закажано за 16 мај треба да завршидоказната поистапка по што треба да се почне со дополнение на доказната постапка.

Во првиот дел од денешното судско рочиште, Палевски одговараше на прашања на обвинителството и судот и рече дека мотивот користољубие за двојното убиство за кое е обвинет е нелогичен и недокажан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ