четврток, 11 декември 2025

Регистриран земјотрес во Валандово од 2,2 степени според Рихтер

Ноќва. во 02 часот и 13 минути регистриран е земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2,2.

Објавено на

часот

Сподели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје го регистрираше земјотресот.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ