Лео Меси минатото лето ја напушти Барселона, клубот поради финансиските проблеми мораше да се повлече од преговорите за продолжување на соработката а напаѓачот си ги спакува куферите и се пресели во Париз.
Сепак, неговата авантура во ПСЖ не оди според планот, Лео Меси игра под очекувањата, исто како и „светците“, кои минатата недела доживеаја болна елиминација во Лигата на шампионите.
Според новинарот Жерард Ромеро, Хорхе Меси пред неколку дена стапил во контакт со раководството на Барселона и дискутирале за можноста неговиот син одново да го облече дресот на „каталонците“.
Новинарот Матео Морето исто така пишува дека Лео Меси сонува за враќање на Камп Ноу. Тој пренесува дека на Аргентинецот му е преку глава од случувањата во ПСЖ (изминатиов викенд доби свирежи од сопствените напаѓачи) па сака назад во Барселона.
Во емисијата „Ел Чирингито“, новинарот Ким Доменш порача: „Лео Меси со задоволство би се вратил во Барселона, во моментов не отфрлам ништо“.
Останува да се види дали може да се реализира еден ваков трансфер, сопствениците на ПСЖ сигурно нема да сакаат да останат без најголемите ѕвезди во пресрет на мундијалот во Катар.






