петок, 12 декември 2025

Косово, Норвешка и Бугарија ги олеснија мерките за влез на македонски државјани

Објавено на

часот

Сподели

Со најновата одлука на косовската влада се укинува барањето за македонските државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза на вакцина против коронавирусот. Со новата одлука, која ќе стапи во сила утре, нашите државјани можат да влезат во Косово доколку поседуваат сертификат за примени две дози вакцини против ковид-19, или една доза, но со ПЦР-тест.

Норвешка им ги укина ограничувањата за влез на наши државјани, при што сепак продолжува да се бара пополнување формулар за регистрација пред влегување во Норвешка, како и задолжително приложување негативен ПЦР-тест направен 24 часа пред влез во земјата доколку лицето е постаро од 18 години и не поседува валиден сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19.

Олеснети мерки за влез и во Бугарија, кои предвидуваат приложување на еден од следните документи: сертификат за примени две или три дози на вакцина против ковид-19; сертификат за прележан ковид-19; негативен ПЦР; или негативен антиген тест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ