При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле товарно возило „ман“ со албански национални ознаки, при што во патната исправа која ја дал на увид, З.Х. ставил пари. Известен бил јавен обвинител, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






