понеделник, 15 декември 2025

Први стипендии на фондацијата „Вечна“

Глобалната македонска фондација „Вечна“ почна со стипендирање на студенти на трет циклус на студии во областа на историските науки, културната антропологија и идентитетските прашања. 

Објавено на

часот

Сподели

Фондoт за млади истражувачи го поддржа м-р Владимир Грујески, постојан судски преведувач македонски-италијански, магистер по меѓународни односи и европски студии на Факултетот за политички науки „Чезаре Алфиери“ при државниот универзитет Фиренца во Италија. Има магистрирано на темата „Италијанската надворешна политика кон Македонија од крајот на XIX век до 1919 година”.

Целта на стипендирањето е да се поддржат млади и посветени истражувачи кои преку научната мисла ќе придонесат кон афирмација, заштита и развој на македонскиот културно-историски идентитет, на национално и глобално ниво. До фондацијата се веќе пристигнати десетина иницијативи за финансиска поддршка, а по детална проверка фондацијата сукцесивно ќе известува за одобрените истражувачи. 

Стипендиите се наменети за студенти запишани на докторски програми, со јасна истражувачка насока во наведените области.

Глобалната македонска фондација „Вечна“ со седиште во Тетово, продолжува со својата мисија за поддршка на науката, историјата и македонското наследство. Фондацијата е основана од страна семејството Крстески од Германија, кои се по потекло од Тетово, со намера да се поврзе македонската дијаспора, бизнис секторот и академската заедница во насока на поддршка и развој на македонската наука. Во Фондацијата се вклучени поголем број Македонци кои во европските метрополи работаат како универзитетски професори, лекари и научници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ