понеделник, 2 март 2026

Прва награда на тема „Справување со загадувањето на воздухот“ за Михаил Милошевски од УНДП и ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, по четврти пат ги доделија новинарските награди за 2025 година на тема „Справување со загадувањето на воздухот во Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

Првата награда ја доби и Михаил Милошевски од „360 степени“, на тема „Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот – што ќе преземат градоначалниците“, на второ место е сторијата на Бојан Блажевски од „Призма БИРН“, со тема „Властите виновни за занемарување на македонската депонија со фосфогипс“ и Радио Слободна Европа ја освои третата награда за сторијата „Секој здив боли“ – сведоштво на пациентка со рак, за животот во загадено Скопје од новинарот Владимир Калински.

Според жири-комисијата, составена од новинарите Горан Момироски, Соња Петрушевска и Един Растодер, овие наградени трудови не само што ги детектираат проблемите со загадувањето на воздухот, туку нудат и аргументиран увид во можните решенија, со што даваат знаачен придонес кон подигање на јавната свест кон проблемот со загадувањето на воздухот и последиците врз животната средина и здравјето на луѓето.

Посебно признание му беше доделено на Орце Костов од неделникот „Фокус“ за текстот „Ниедна мерка не дава резултат – скопјани дишат најотровен воздух во Европа“.

Амбасадорот на Шведска во земјата, Ола Сулстром, посочи дека Шведска е и ќе остане горда и среќна да ја поддржи важната работа на УНДП во програмата за справување со загадувањето на воздухот.

„Нашата поддршка за овој проект е вкоренета во силното убедување дека областа на зашита на животната средина оди рака под рака со борбата против климатските промени, зборуваме за технички решенија, кои не се доволни. Да бидеме двигатели на вистински промени, потребни ни се општествени промени, ни треба информирана и ангажирана јавност и тука е вашата улога. Медиумите и новинарите, раскажувачите на приказни се тука важни“, рече Султром.

Тој потсети дека проектите се фокусираат на проширување на мониторингот и моделирањето во 5 општини во Македонија – Кавадраци, Гостивар, Струмица, Куманово и Струга.

„Податоците од сензорите се до некаде важни, но кога имаме податоци поврзани со аерозагадувањето и оние поврзани со здравјето на сите нас, ќе бидат важни само доколку ги имаме луѓето како вас, кои може да ги преточат тие податоци во зборови, размисли. Загадувањето на воздухот е дефинирано како низа апстрактни и речиси нерешливи пречки во смисла на инфраструктурни и празнини или политички пречки секогаш се гледаат, некогаш на метафоричко ниво, но за ова да биде разбирливо, мора да креираме приказни за сето ова. Инвестицијата на Шведска во проектот на УНДП е инвестиција во транспарентност и искреност, ригорозен надзор – и во вистината, а тоа е голем збор“, рече Сулстром.

Претставникот на УНДП во земјата, Армен Григоријан, посочи дека овој проект е камен-темелник на проширување на ангажманот и партнерството помеѓу Шведска и УНДП, со цел порамнување на Македонија и македонските национлните приоритети со проширувањето на ЕУ и давање помош на земјата да се приближи кон отворање и заворање на поглавјата во пристапувањето.

„Во соработка со Министерството за животна средна и Универзитетот ‘Гоце Делчев’ од Штип спроведовме многу сеопфатна програма за мониторинг, со цел конечно да се надмине работата со претпоставки, односно да се дојде до прецизни податоци. Преку 5 студии за распределба на изворите на загадување, денес ги имаме техничките отпечатоци на загадување во Куманово, Струмица, Кавадарци, Струга и во Гостивар. Овие научни докази не останаа на полица, тие директно придонесоа за изработка на локални планови за квалитет на воздухот. Денес, со континуирана поддршка од Шведска и со посветено кофинансирање од најмалку 50 проценти од страна на секоја од општините, од подобрување на енергетската ефикасност во училиштата до развој на зелени кроидори и нови урбани паркови, кои претставуваат белите дробови на нашите градови“, рече Григоријан.

Тој нагласи дека дури и најнапредната научна анализа бара јавна доверба и мобилизција, а тука улогата на медумите, истакна тој, станува незаменлива.

„Кога новинарите имаат пристап до податоци, тие не се само известувачи, туку стануваат чувари на животната средина и предводници и шампиони во ова област“, истакна Григоријан.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, рече дека улогата на новинарството е токму тоа, загадувањето да не биде третирано како обична вест, туку новинарите имаат обврска да информираат точно, континуирано, одговорно и истражувачки бидејќи, како што рече, големината на новинарството се состои во откривањето на злоупотребите на оние што потенцијално прават штета и потенцијално ја загадуваат нашата околина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ