„Операцијата беше изведена од Тони Нешковски и тимот од Одделот за уролошка хирургија, во соработка со проф. Д-р Јован Ивчев, како и со анестезиолошкиот тим предводен од спец. д-р Билјана Еленова“, соопштија од Болницата.
Оттаму упатија честитки до целиот тим.
Притоа истакнаа дека оваа интервенција претставува значаен чекор напред во развојот на минимално инвазивната хирургија во оваа установа и потврдува, како што додадоа, дека Општата болница Кавадарци продолжува да го унапредува квалитетот на здравствените услуги во корист на пациентите.






