недела, 13 јули 2025

Протест за Палестина пред членките на НАТО во Кавадарци

Иницијативата „Сите за Палестина“ организираше протестна плоштадот „Маршал Тито“ во Кавадарци, истовремено кога се одржуваше воената церемонија на меѓународната воена вежба „Итен одговор 25“. Во вежбата учествуваат воени единици од седум земји-членки на НАТО кои се директни соработници и овозможувачи на геноцидниот ентитет Израел, соопштија од иницијативата.

Објавено на

часот

Сподели

Протестот беше насочен против улогата на НАТО во тековниот геноцид врз палестинскиот народ, кој трае веќе повеќе од 600 дена. Демонстрантите излегоа со транспарент „НАТО финансира, Израел бомбардира“, а ги скандираа и пораките „НАТО убијци“, „Израел терорист“, „Не во наше име“, „Мрш од Македонија“, „Долу НАТО, долу империјализмот, долу капитализмот“ и други слични пораки.


Иницијативата предупреди и на опасноста од сè позабрзаната милитаризација на населението, особено што во самиот центар на градот беа изложени тенкови и оружја како дел од настанот на кој присуствуваа и мали дечиња со своите семејства. Според нив, Македонија веќе не треба да ги поддржува империјалистичките војни и глобалната нееднаквост со своето членство во НАТО.
„Не го прифаќаме милитаризмот како решение, ниту капитализмот како иднина. НАТО не носи безбедност, туку моќ, контрола и смрт. Стоиме на страната на потиснатите, а не на агресорите,“ изјавија од „Сите за Палестина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ