Свое обраќање имаа директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, како и дел од авторите и менторите на филмот, кои ја истакнаа важноста од неговата реализација и значењето на јазикот како културна вредност.
Филмот опфаќа значајни етапи од развојот на македонскиот јазик, вклучувајќи интервјуа со истакнати научници и професори, автентични архивски материјали и оригинална музика.
Во реализацијата на филмот учестуваа: режисери: Матеј Печеновиќ, Симон Стојановски, идеја: Симон Стојановски, сценаристи: Николина Ристовска, Симон Стојановски, Матеј Печеновиќ, камера: Меланија Николовска, Марко Војноски, Матеј Печеновиќ, монтажа: Марко Војноски, Матеј Печеновиќ, музика: Матеј Печеновиќ, Марко Војноски,боја: Марко Печеновиќ, техничка екипа: Марко Војноски, Симон Стојановски, наратор: Зоран Јовановски, изведувач: Матеј Печеновиќ
Како говорители во филмот учествуваат: проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, проф. д-р Лидија Тантуровска, проф. д-р Борче Арсов, м-р Антоанета Тримчевиќ. Поддржувачи на филмот се: Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, Генералната дирекција на ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје и Управата на ПСУ „Јахја Кемал“ од Тетово.
„Филмот е доказ дека кога младите добиваат поддршка, инспирација и простор за креативен израз, можат да создадат дела што оставаат трага. ‘Аз, Буки, Веди’ не е само документарец. Тоа е глас на младите што ја раскажуваат приказната на еден јазик кој не престанува да живее. Јазикот е темел на нашиот идентитет и токму преку вакви дела, ја продолжуваме неговата приказна. Секој збор е мост кон иднината. Секоја мисла – доказ дека јазикот дише, зборува и нè повикува да го чуваме со љубов“, велат креаторите на документарецот. учениците од ПСУ „Јахја Кемал“ од Тетово.