Модерен и префинет дизајн
Новиот Lynk & Co 01 има динамичен изглед со нова црна предна решетка, редизајнирани LED задни светла и нови алуминиумски фелни од 19 или 20 инчи. Понудата на бои, покрај препознатливата Sparkling Black е збогатена со Crystal White и Mineral Green.
Внатрешност со врвна технологија
Кабината е редизајнирана за максимална удобност и функционалност. Новиот инфо-забавен систем вклучува 15,4-инчен HD екран на допир, 10,2-инчен дигитален панел за возачот и моќен Qualcomm Snapdragon 8155 процесор, кој обезбедува брз и непречен пристап до сите функции. Персонализираното амбиентално осветлување и висококвалитетните материјали го прават ентериерот уште поексклузивен.

Моќен и ефикасен plug-in hybrid
Новиот 01 користи напреден plug-in hybrid погон со комбинирана моќност од 276 КС и 535 Nm вртежен момент. Потрошувачката изнесува само 0,9 л/100 км, а емисиите на CO₂ се намалени на 20 г/км (WLTP). Возилото овозможува до 75 км чисто електрично возење, идеално за дневни градски патувања со нулта емисија на CO₂.
Безбедност на највисоко ниво
Моделот е опремен со напредни системи за помош на возачот, вклучувајќи Intelligent Cruise Control, Lane Keeping Assistance, Autonomous Emergency Braking, Blind Spot Monitoring и многу други технологии за активна и пасивна безбедност.
Одржливоста е ДНК на брендот
Lynk & Co користи рециклирани материјали за изработка на ентериерот, како и 100% обновлива електрична енергија во производството. Целта на брендот е намалување на јаглеродниот отпечаток на возилата за 50% до 2030 година и постигнување целосна климатска неутралност до 2040 година.

Споделена мобилност
Секој Lynk & Co 01 има вградена car-sharing функција достапна преку мобилната апликација на брендот, овозможувајќи им на сопствениците да го споделат возилото кога не го користат, со што се поттикнува поефикасна и поеколошка употреба.
Новиот Lynk & Co 01 сега достапен со акциска цена: 39.990 евра и намалување од 2000 евра за ограничен број возила. Возилото може да го погледнете во салонот лоциран на Градскиот стадион – северна трибина.
Комерцијален текст






