понеделник, 8 декември 2025

Продолжен рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк (од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука (МОН) овозможува дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември 2025.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците, пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и изјава за точност на внесените податоци  во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк кои потпишани ќе ги прикачат кон електронската апликација.

„Сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле за правото на студентски оброк. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот  [email protected]“, се наведува во објавата на МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ