„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму прогресот во моментот од страна на изведувачот не е според очекувањата, но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес“, пишува Ивановски на својот профил на „Фејсбук“.
Коридорот 8, додава тој, е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранското со Црното Море.






