вторник, 3 февруари 2026

Привремено блокиран патот Битола-Охрид, протестираа граѓани чии автомобили биле одземени зошто возеле без возачка (ВИДЕО)

Со палење пластика и ѓубре, група граѓани од ромската заедница организираа протест и го блокираа регионалниот пат Битола–Охрид, поради што сообраќајот беше привремено прекинат. Протестот беше проследен со извици „Нема правда, нема мир“ и „Бараме правда“, а чадот од запалениот отпад се забележуваше и од поголема оддалеченост, објави Скопје1.мк. Протест бил одржан и во Кочани.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави порталот, според неофицијални информации, причината за протестот е одземањето на возилата на луѓе што возеле без положен возачки испит, мерка што стапи во сила со последните измени на Законот за прекршоци. Дел од присутните јавно негодувале поради, како што велат, високата вредност на одземените автомобили, а на една од снимките од настанот се слуша извикување „5.000 евра кола ми земавте“.

Присутните се жалеле на дискриминација, објаснувајќи дека тие немаат завршено училиште за да полагаат за возачка.

На местото на протестот биле присутни и полициски службеници, кои ја следеле состојбата. Засега нема официјална информација за приведени или за времетраењето на блокадата, ниту пак за евентуални понатамошни мерки.

И во Кочани бил одржан протест оти им ги одземале возилата на тие што немаат возачка.

Поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола, попладнево во кочанската населба Трајаново Трло бил одржан протест, на улицата Цветан Димов. Како израз на револт, демонстрантите запалиле гуми, при што настанал чад и краткотрајна блокада на улицата.

По кратка, но тензична интервенција, на терен излегле пожарникарски екипи и полициски службеници, кои го изгаснале огнот и го прекинале собирот, со цел да се спречи понатамошна ескалација и загрозување на безбедноста на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ