Премиерот нагласува дека од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда мораме да ја завршиме домашната задача.

На состанокот биле присутни министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, министерките за енергетика и за финансии, Сања Божиновска и Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија Бесар Дурмиши и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.






