„Очекувам зрелост, јасност и активности кои одговараат на нивото на зрелите политичари. Не смеат да ја нарушат структурата на Вреди, бидејќи тоа би значело дека можам да имам 15 пратеници“, изјави Лимани.
Изјавите на Касами се однесуваа на работата на функционерите на Беса во Владата, дека партијата има поголем капацитет од оној што моментално е искористен и потребна е анализа на квалитетот на нивниот ангажман во извршната власт. Сепак лидерот на Беса директно посочи дека Лимани може да биде разрешен од минитерското место. Мицкоски веднаш застана во одбрана на Лимани, истакнувајќи дека е задоволен од неговата работа и дека како мандатар има право да одлучува за составот на Владата.
Иако на Централното собрание на Беса се очекуваше Касами да предложи повлекување на Лимани од Владата, се случи разрешување на целото партиско раководство.
За Изет Меџити, претседателот на Демократско движење, коалицискиот партнер на Беса во коалицијата Вреди, ова е дел од зацврстувањето на капацитетите на коалицијата.






