среда, 17 декември 2025

Претседателот на Собранието Гаши потпиша колективни договори со синдикатите на пет универзитети

Претседателот на Собранието Африм Гаши потпиша колективни договори со синдикатите на пет јавни универзитети во земјата со цел, како што наведува собраниската прес-служба, подобрување на работните услови на академскиот кадар и зајакнување на академскиот квалитет во високото образование.

Објавено на

часот

Сподели

Потпишани се колективни договори со синдикатите на универзитетите: „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола,  „Мајка Тереза“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и со Државниот универзитет Тетово.

Собранието во соопштение истакнува  дека колективните договори „се важен инструмент за поддршка и понатамошно унапредување на високото образование во земјата“.

„Со овој чекор се воспоставува висок стандард за образование и се создава можност за изградба на поконкурентен систем, каде што правичната евалуацијата на работата на академскиот кадар е една од главните цели. Ова е историски момент за високото образование во земјата, бидејќи сега сите јавни универзитети ќе имаат колективни договори, создавајќи поодржлив и поправичен систем за високо образование“, се наведува во соопштението.

Претседателот на Собранието Гаши им честитал на сите универзитети, академскиот кадар и студентите „за овој заеднички успех и овој важен момент за развојот на високото образование“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ