Премиерот Мицкоски додаде дека многу такви декларации предложени од СДСМ се само обично слово на хартија и воопшто не се почитувале.
„Иако мора да кажеме дека во минатото декларациите на СДСМ се декларации коишто на крај завршуваат како обично слово на хартија, воопшто не се почитуваат. Имавме многу такви декларации во минатото како што кажав, но за жал СДСМ сето тоа коешто го декларира, апсолутно не го почитуваше кога имаше кревка можност да управува со Владата. Така што, еве да го видиме тој документ, па да дадеме и ние наш инпут врз основа на тоа што ќе го видиме“, изјави премиерот Мицкоски.






