недела, 8 јуни 2025

Предлог законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство пристигна во Собранието

Само што пристигна во Собранието предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти. Ништо нема да биде скриено од јавноста и секој детал ќе биде јавно објавен и транспарентен, објави вчера на својот профил на фејсбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Објавено на

часот

Сподели

Ова, посочува тој, е историски договор и историска работа за нашата држава.

„Заедно со граѓаните се обврзавме на обнова на Македонија и тоа го правиме секој ден. Тие се нашиот партнер! Железница, студентски дом, болници, хидроцентрали и многу нови проекти. После стратешкиот договор со САД – ова е уште еден огромен успех за Република Македонија“, пишува Мицевски на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ