Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вели дека овој пожар, освен за селото Перово, претставуваше опасност и за околните села.
Во пожарот се изгорени повеќе овоштарници, кои претставуваа егзистенција за мештаните, а Ангелов рече доколку околу нив бил изоран појас, без тревки, овоштарниците ќе можеле да се спасат.
Во пожарот зафатена била и дел од површините на Паркот на природата Езерани, кој веќе претрпи огромни штети од претходниот пожар на брегот на Преспанското Езеро.






