понеделник, 8 декември 2025

Потпишан е Колективниот договор за јавните установи, зголемена плата за 20%

Потпишан е Колективниот договор за вработените во јавните установи за социјална заштита со кој се зголемуваат платите за 20% за сите вработени, вклучително и за директорите на јавните установи за социјална заштита. Договорот го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Трпе Деаноски, претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Објавено на

часот

Сподели

Покрај финансиските бенефиции, договорот ги унапредува и правата од работен однос, ги засилува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите.

„Ова е признание за трудот, посветеноста и хуманата мисија на сите вработени во системот на социјална заштита. Верувам дека со подобри услови за работа, ќе обезбедиме и подобри услуги за граѓаните”, истакна министерот Лимани по потпишувањето на Колективниот договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ