понеделник, 2 февруари 2026

Поскапуваат дизел-горивата за половина денар

Дизел-горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто.

Објавено на

часот

Сподели

Новата малопродажна цена на еуродизел БС (Д-Е V) ќе биде 68 денари, а на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67 денари за литар. Еусросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 72, а еуросупер БС – 98 за 74 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,786 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,885 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек: за 2,433 отсто, кај дизелот за 4,757, кај екстра лесното масло за 3,829 и кај мазутот за 5,973 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,6498 отсто.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ