четврток, 15 јануари 2026

Поранешниот градоначалник на општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, сега е кандидат на СДСМ

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште четири нови кандидати за градоначалници, се вели во соопштението од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори: Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден, Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани, Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.

Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата.

„Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.

Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините“, најавуваат од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ