Од општината доцна попладнево информираа дека свлечиштето од земја и дрва е последица на излевање на голема количина на вода од пукање на водоводна цевка, која го снабдува резервоарот во таа зона.
„Надлежните екипи се на терен, каде што работат на санирање на дефектот во водоводната мрежа а потоа и расчистување на материјалот од коловозот, со цел воспоставување на нормален сообраќај во најкраток можен рок“, наведуваат од општината.
Од општината ги замолуваат граѓаните да покажат максимална внимателност и да го избегнуваат движењето на овој патен правец.






